Google Chrome за корпоративни корисници сега е побезбеден

Дејан Соколоски

во Веб

Најверојанто најпопуларниот прелистувач, Google Chrome, со новата верзија 63 овозможува дополнителна изолација. Google оваа надграба ја потенцираше и на својот блог, објаснувајќи ги предностите за компаниите кои ќе го користат корпоративниот пакет на Google Chrome.

Дел од надградбите кои доаѓаат со нова надградба се:

  • Изолација на сајт – овозможува рендерирање на содржина како посебен процес, изолиран од останатите сајтови
  • Поедноставна рестрикција за различни екстензии за Google Chrome – Овозможува ограничување на проистап до екстензии за прелистувачот во зависност од пермисиите кои се потребни

  • Верзија 1.3 за TLS – надградба на постоечката верзија на TSL протоколот, сега е побрза и побезбедна
  • Поширока платформа за поддршка на NTLMv2
  • Намалување на бројот на крешови на Chrome предизвикани од софтвер од трети производители

Chrome и досега важеше за еден од најбезбедните прелистувачи за работа во компании, а со новите надградби администраторите имаат уште понекоја алатка на располагање.

Chrome for Business е достапен на следниов линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии