Google Chrome стана најкористениот прелистувач во светот… но само на еден ден

StatCounter објави дека во неделата Google Chrome успеа на кратко, на само еден ден, да го надмине Internet Explorer по користеност. Според сервсот за анализа на веб сајтовите, на 18 март Chrome ги надмина ривалите во Индија, Русија и Бразил, и со тоа стана најкористениот прелистувач во светот со над 32,71 отсто од пазарот, надминувајќи ги 32,5-те отсто на IE.

Toa што е неверојатно е Google успеа да застане на пиедесталот за само три години од стартува на овој прелистувач. Можеби Chrome стана најпопуларен за само еден ден, но никој не се сомнева дека за наскоро ќе биде комотно на првото место.

Веќе подолго време се очекуваше IE да го изгуби првото место, но се очекуваше дека ќе биде совладан од Mozilla Firefox. Firefox беше прелистувач кој имаше се што требаше да биде најдобар, се до лошо редизајнираната 4-та верзија од март 2011-та кога започна да ги губи корисниците кои се префрлаа на брзиот Chrome.

Во Македонија Chrome го претрка Firefox уште во август 2011 година. Сега, според посетителите на It.com.mk, прелистувачот на Google има 57 oтсто, Firefox 33 отсто, а Internet Explorer користат само 3,87 отсто од посетителите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии