Google Chrome OS vs. Microsoft Windows

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}Кога Google го најави својот проект – бесплатен веб ориентиран оперативен систем Chrome – сите очи се свртија кон Microsoft. Дали Google ќе го тргне Windows од тронот, колку проценти ќе може да откине од 90 отсто од глобалните корисници кои го користат оперативниот систем на Microsoft? Битката меѓу гигантите трае веќе подолго време и се проширува низ повеќе полиња. Ако Microsoft го има Hotmail, Live Messenger, Outlооk како е-маил и комуникациски сервиси, Google го има Gmail и Gtalk, а наскоро ќе пристигне и Wave. Aко Microsoft го има Word како алатка за текст, Google парира со Google Docs. Microsoft го има Internet Explorer, Google го објави Chrome прелистувачот. Понатаму, Microsoft го лансираше Bing пребарувачот, a Google … си е Google.

Оваа ривалство продолжува и со оперативните системи (ОС), поточно со Azure и Windows 7, најавен за октомври, и Chrome ОС кој ќе се појави при крајот на 2010 година и ќе биде слободен софтвер базиран на Linux кернел со Chrome прелистувачот како централна апликација.

Но како што може да се забележи, секоја компанија си има своја специфичност, свое поле во кое си владее беспрекорно. Google никогаш нема да ја тргне популарноста и ефикасноста на Word со едноставна веб апликација како Gdocs, ниту пак Bing ќе го претрка Google во пребарувањето на интернетот.

{mosimage}

Тоа важи и за оперативните системи. Chrome ОС е најавен како веб ориентиран оперативен систем со „облак“ апликации закачени на интернет и достапни од секаде. Пример, Gdocs. Иако тоа е блиската иднина, сепак земајќи в предвид дека околу 90 отсто од глобалните компјутери се на Windwos, десктоп оперативен систем, се гледа дека луѓето се навикнати да работат со декстоп апликации. Пред да се сподели документ, првин се отвара Word или Notebook, нели?

Кога сме кај апликациите, дали Windows апликациите ќе функционираат со Chrome ОС? Дали ќе може да се користи Photoshop?

Од друга страна, Google Chrome прелистувачот е стар 1 година. Колку луѓе се запознаени со него? Според различни статистики, овој прелистувач одзема од 1 до 3 отсто од пазарот на прелистувачи. Како ќе се чувствуваат луѓето кога ќе купат ноутбук и ќе се сретнат со нов непознат оперативен систем кој функционира со нови и непознати веб ориентирани апликации? Додатно, глобалната продажба на ноутбукови во 2008 година
е 5.6 милиони парчиња, наспроти 70 милиони продадени PC-ја само во првата четвртина на 2009 година.

Наспроти тоа, во октомври се очекува Windows 7, кој ќе се најде на многу компјутери пред Chrome ОС воопшто и да се појави на првиот ноутбук.

{mosimage}

Сепак, ова се само претпоставки бидејќи освен најавата ништо друго не беше додадено. Сé знае само дека Chrome ОС ќе биде брз, бесплатен и едноставен веб ориентиран ОС кој ќе се концентира на интернетот. Дали ќе го промени ИТ светот?

Ќе мора да почекаме да видиме. Во меѓувреме сме во очекување на глобалната конференција на Microsoft која започнува во понеделник, а на која се очекува да се најави веб базиран Microsoft Оffice.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии