Google Chrome ќе ги „среди“ проблемите со сајтовите кои не ви даваат да се вратите назад

Google наскоро ќе отстрани еден од проблемите кои не се опасни, но се многу, ама многу, здодевни. Станува збор за „практика“ наречена „history manipulation“.

Што всушност е ова?

Станува збор за пракса која ја користат полоши страници. Корисникот отвора некој текст и кога ќе пробува да се врати од каде што дошол ништо не се случува освен што гледа реклами. Причина за ова е што страницата ја преполнува историјата на табот на пребарувачот со реклами, објаснува 9to5google.

Проблемот секако е покомплексен од додавање на куп страници во историја, иако не многу покомплексен. Наместо додавање куп страни, доволно е страница која ќе редиректира кон некоја следна. Така штом се вратите еден чекор назад, веднаш ве испраќаат на друго место, ама не на она каде сакате да одите.

По неколку обиди (ова секако зависи од упорноста на посетителот) ја затворате веб-страницата.

Што прави Google?

Во прво време Chrome нема да прави ништо единствено ќе ги одбележува страниците кои би ги скокнал во иднина. Штом функцијата ќе стане активна Chrome автоматски ќе ги прерипува овие страници.

Засега компанијата работи на начин на кој со голема доверливост ќе може да ги раздели страниците во кои е вметната злоупотреба од легитимните страници кои редиректираат.

1 коментар на “Google Chrome ќе ги „среди“ проблемите со сајтовите кои не ви даваат да се вратите назад

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии