Google Chrome ќе блокира Flash реклами од први септември

Виктор Дано

во Веб, Софтвер

Од први септември Adobe Flash ќе биде блокиран во Chrome со „цел да се подобри искуството со реклами“, како што вели Googlе. Но, тоа што е важно е што Google ќе ги конвертира сите AdWords реклами од Flash во HTML5. Најавено е дека Chrome е доволно „интелигентен“ за да ги паузира Flash рекламите кои стартуваат автоматски, и кои не се важни за веб сајтовите.

Google ќе им се приклучи на големите компании како Apple, Mozilla и Amazon кои се решени целосно да го отфрлат Flash од употреба бидејќи технологијата е посебно лоша за мобилните уреди. Flash знае да биде спор и да ги забави вчитувањето на страните, што е една од причината која Google ја спомна уште во јуни кога ја најави блокадата. Друга причина за преферирање на HTML5 наспротив Flash е што така ќе се намали потрошувачката на енергија и значително ќе се забрза вчитувањето на веб сајтовите. Ова е мошне важно за мобилните уреди и за Chromebook лаптопите.

Но, сепак ќе биде оставена опција да се вклучи автоматското пуштање на Flash реклами. Корисниците ќе можат во Show advanced settings под Privacy да ја активираат опцијата Detect and run important plugin content ако сакаат Chrome автоматски да им стартува Flash реклами.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии