Google Chrome доби синхронизација меѓу различни компјутери за различни профили

Најновата, шеснаесета верзија на Chrome доби опција за синхронизација на различни профили на сите букмаркови, екстензии и зачувани апликации меѓу различни компјутери, така да ако му се случи нешто на едниот компјутери ќе ги имате сите зачувани работи на другите.

Опцијата е доста едноставна за користење, логирајте се на Chrome со вашиот Google профил и сите ваши зачувани нешта ќе бидат синхронизирани со облакот и достапни од било кој друг компјутер со повторно логирање. Новината со користење различни профили само може да го олесни синхронизирањето доколку компјутерот доколку се користи од повеќе луѓе.

Проблемот кој се појавува при синхронизирањето на компјутер кој се користи од повеќе профили, односно на кој сета историја и зачувани сајтови ќе бидат префрлени. Дури и доколку сте претпазливи и одберете што точно да се синхронизира, ќе мора да внимавате да го користите правиот профил.

Интересно, Google во свој блог пост вели дека дека ова не треба да биде безбедно решение, посебно кога се знае дека секој лесно може да го промени профилот без потреба од лозинка.

[youtube]hQuXxOBJwSg[/youtube]

(tnx до Somaliskiubiec за линкот)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии