Со Google Chrome 53 ќе започне блокирањето на Adobe Flash

Google најави дека септемвриската итерација на прелистувачот Chrome ќе започне да го блокира Flash.

Flash долго време имаше главна улога кога беа во прашање веб-анимациите, игрите или видео содржините. Денес HTML 5 е со помала потрошувачка на енергија, побрз и најважно многу побезбеден.

Поради ова Chrome 53 ќе започне да го блокира Flash, a Chrome 55 ќе го направи HTML 5 основа при прелистувањето.

„Денес над 90 отсто од Flash се вчитува во позадина за поддршка на аналитика на страниците. Ова ве забавува, и од септември, Chrome 53 ќе започне да го блокира. HTML 5 е многу полесен и побрз, а издавачите го користат да ги забрзаат своите веб-страници, да го скусат вчитувањето и да ви заштедат на батериите. Ќе забележите подбрување и во респонзивноста и ефикасноста на многу сајтови.“, вели Ентони Лафорџ на блогот на Google.

На веб-страниците кои ќе имаат само Flash, корисникот ќе може самостојно да  ја активира поддршката. Mozilla веќе најави дека од овој месец ќе го блокира Flash во Firefox.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии