Употребата на JavaScript e далеку поголема во последно време од било кога, односно дури сега, откако програмерите почнаа да пишуваат целосни веб апликации во JavaScript (Gmail, Google Docs), овој програмски јазик добива на значење. Во новиот Google Chrome, може да се забележи дури 66% подобрување во JavaScript перформансите.
Google исто така одлучиле и да го поедностават и да го направат попрактичен интерфејсот на нагодувањата. Сега наместо да ви се отворат во нов прозорец, ќе ви се отворат во нов посебен таб, како се попрегледни (види видео). Исто така, има место за пребарување, каде може да пребарате одредени нагодување, на пример, како да ги пренесете букмаркираните страници од друг прелистувач. Можете да запаметите URL-то на некое нагодување и да не мора да го поминувате истиот пат повторно.
Сега може да ги синхронизирате лозинките кои ќе ги запаметите во прелистувачот помеѓу компјутерите. Можете и да ги заштитите со додатна лозинка за повеќе сигурност, вашите лозинки ќе се зачувуваат во вашата Google сметка. За да ја овозможите оваа опција, едноставно одберете синхронизација во нагодувањата или за да пробате погорната опција, впишете „sync“.
Последната промена е тоа што Chrome го става Flash во заштитна „песочна кутија“ (sandbox), што е технологија која има за цел да не заштити од злонамерните страници. Повеќе за ова во видеото подолу.
Супер е новиов само ме нервира тоа што на youtube не ја покажува веб адресата горе кај адрес барот така и на повеќе веб страни