Тоа што е интересно е што наместо посебна друштвена мрежа, Google ги вклопува Buzz, чет, Google Profiles, Reader, Flickr, Тwitter и Google Wave се на едно место т.е во вашиот Gmail профил, што го прави имејл сервисот повеќе како друштвен портал. Ако се погледне кај Facebook ги имате истите нешта: мејл, пораки, пријатели, чет, галерии… разликата е можеби што информациите од Buzz се јавни по зададено, наменет е за споделување информации за разлика од Facebook каде се цени приватноста, што може да помогне за пребарувањето во реално време кое е вклучено и во Buzz.

Создавајќи една огромна друштвена платформа со различни сервиси може да помогне Google да му конкурира на Facebook, кој пак тестира свој сопствен мејл сервис Titan да му конкурира на Gmail. Но… тоа што е потребно проектот на Google да успее, е да ги привлече над 170 милиони корисници на Gmail да го користат Buzz, што е огромен знак прашалник знаејќи ја масивноста на Facebook и популарноста на Тwitter.

Подолу е промо-видео зa Google Buzz, како и видео за мобилната верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии