Google брише по 1,2 милиони линкови од резултатите заради пиратерија и прекршени авторски права

Google откри дека брише милиони линкови од резултати од пребарувањето по барања од Microsoft, филмските студија, музичката индустрија и други кои држат авторски права.

Во новата секција на Google Transparency Report е прикажана целата статистика од барањата и бришењата на линкови. Неверојатно, но статистиката вели дека гигантот неделно добива по 250.000 барања за тргање на линкови од околу 24.000 различни сајтови, што е поголема бројка од вкупните барања за бришење за цела 2009-та година.

„Борбата против онлајн пиратеријата е многу важна, и не сакаме да прикажуваме резултати во пребарувањето кои ги водат корисниците кон нелегална содржина.”, вели Google. Но, од друга страна сакаме да бидеме транспарентни за процесот така да корисниците и истражувачите разберат каква содржина се трга од нашите резултати и зошто.“

Во извештајот за тргнати линкови се вклучени само барањата за Google Search, но не и тие поврзани со YouTube или Blogger.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии