Google би можел да биде разделен на делови

Дејан Соколоски

во Вести

Google може да биде првата од големите технички компании против која ќе бидат преземени драстични мерки, и можеби дури ќе биде разделен на делови. Одделот за правда разгледува дали Google треба да биде принуден да го продаде прелистувачот и делови од бизнисот за рекламирање, велат извори за Politico. Доколку биде донесена ваква одлука, тоа ќе биде прво судско разделување на компанија во последниве неколку декади.

Идејата за продажбата на прелистувачот доаѓа откако Одделот за правда ги праша конкурентите на Google и независните експерти за онлајн рекламирање кои делови на компанијата би можеле да бидат разделени. Најголем дел од одговорите беа за прелистувачот.

Засега нема донесена конечна одлука за евентуалната казна која би можела да биде донесена против Google. Покрај разделувањето на компанијата, постои можност Одделот да побара Судот да донесе одлука со која ќе се ограничи начинот на кој Google може да ги користи податоците кој ги собира од корисниците. Ова веројатно е изненадување со оглед на тоа дека прибирањето на податоци од корисниците мора да биде првенствено прашање на приватност, а дури потоа прашање за заштита на конкуренцијата.

Chrome е доминантен на пазарот

Google Chrome е далеку пред конкурентите кога станува збор за бројот на корисници. Над 65 проценти од корисниците на сите платформи го користат прелистувачот на Google. На второ место е Safari со помеѓу 16 и 18 отсто од вкупниот број на корисници. На десктоп овој јаз е уште поизразен, бројот на корисници е речиси 70 отсто.

Google минатата година донесе одлука со која за да ги ограничи податоците кои веб-страниците ги собираат од корисниците најави дека ќе ги отстрани колачињата. Овие колачиња се користат и за проценка на успехот на некоја маркетинг кампања, па нивното користење е важно за сопствениците на страниците. Google веќе најави дека работи на замена, но можноста една компанија самата да решава кои ќе бидат стандарди во целата индустрија е помалку застрашувачка.

Што се однесува до заработката на целиот сектор и учеството на Google во неа, 162,3 милијарди долари годишно е светскиот пазар на онлајн реклами. На Google отпаѓаат 37,2 отсто од целиот бизнис.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии