Google без збор ќе брише „revenge porn" содржини по барање на корисниците

Google ќе ги одобри сите „барања да се биде заборавен“ од жртвите на таканареченото „revenge porn“. Компанијата ќе ги отстрани сите контроверзни слики и видеа од резултатите на пребарувањата без потреба од дополнително објаснување. Во знак на поддршка и определба за отстранување на оваа содржина, најголемиот пребарувач во светот ќе креира нова веб форма на која ќе можат да се поднесат барањата. Revange porn, или одмаздничкото порно, е сексуално експлицитна содржина која е направена без овластување од учесниците во актот, и често предизвикува омаловажување, уцена или говор на омраза.

„Знаеме дека ова нема да го реши проблемот со одмазничкото порно – не можеме да ги отстраниме сликите од вебстраните – но се надеваме дека со исполнување на барањата на жртвите, и нивно отстранување од нашиот пребарувач, може да помогнеме“, објави компанијата на својот блог.

Овој став на Google е речиси потполно различен во споредба со „правото да се биде заборавен“ кое го наметнува Европската Унија. Според најавата компанијата нема да бара одобрување или причини за отстранување на содржините, туку веднаш ќе ги скријат резултатите. Потегот на Google е дочекан со одобрување од жртвите кои ќе можат да започнат со процесот на „залечување“.

Анкета од 2012-2013 година вели дека 1 од 10 партнери, најчесто мажи, се заканувале дека ќе објават експлицитна содржина од своите поранешни партнери, а дури 60 отсто од нив навистина и ги објавиле овие содржини. По објавувањето половината од жртвите велат дека се следени и вознемирувани, вели Quartz.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии