Google Assistant сега и личен преведувач

Дејан Соколоски

во Вести

Преведувачот на Google дојде до следната фаза од својот развој. Асистентот на Google сега и официјално има мод на работа со кој може да функционира  како преведувач. Google функционалноста ја најави на средината на декември, а сега имаме и прво рекламно видео во кое може да видиме како тоа би функционирало во иднина.

Преводот е во реално време и иако веројатно нема да биде квалитетен како во видеото, без сомневање ќе биде солиден во недостаток на вистински преведувачи. Ова секако е добредојден додаток за помалите хотели, продавнички и компании во туристичките места кои често доаѓаат во допир со странци.

Преведувачот е достапен на 44 јазици и може да се користи и на Android и на iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии