Google Android и не е така „слободен“ како што се промовира

Ново пронајдени документи покажуваат дека отвореноста на Android не е таква како што ја прикажуваат, јавува Wall Street Journal. Документите покажуваат дека Google наметнува строги ограничувања на компаниите кои го користат нивниот пребарувач, Youtube па дури и апликациите на Google Play. За замена за овие услуги производителите мораат на своите уреди да инсталираат и други Google апликации и да го постават Google пребарувањето како основно.

Договорите кои ги имаат и HTC и Samsung од 2011 и 2012 година, а кои до сега не беа објавени, ги имаат овие услови иако останува нејасно дали овој договор сè уште е вклучен во договорите кои ги нуди Google за Android. Засега Google не го коментира изјавите на Бенџамин Еделман кој е советник на Microsoft и неодамна ги сподели овие документи на својот блог.

Регулаторите во САД не се обврзани да ја контролираат ваквата пракса на компанијата, но Европската анти-монополската комисија под Жоакин Алмуниа веќе разгледува дали Google ја злоупотребува својата доминација на пазарот за паметни телефони. Оваа вест доаѓа откако Google постигна договор за пребарувачот во Европа, иако погледот на регулаторот веќе е свртен кон Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии