Google Analytics сега следи +1, Facebook Like и твитови

Новата друштвена анализа покажува стапката на кликањe (CTR), односно следи колку луѓе го споделиле тој линк и колку кликнале на него преку друштвените копчиња.

Webmaster алатките добија три значајни извештаи:

  • Извештај за влијание врз пребарувањето за како +1 влијае на органскиот сообраќај кој доаѓа од пребарувањето, споредувајќи кликови и импресии со +1 и без +1 анотации (белешки).
  • Извештај за активност кој покажува колку пати на страната е кликнато +1, од копчињата на сајтот и тие на страните со резултати од пребарувањето.
  • Извештај за публиката кој ја прикажува демографската и географската информација за луѓето кои кликнале +1 на страната. Заради приватноста Google ќе прикажува информации за публиката кога има одреден број на корисници кои користеле +1.

Со Social Plugin Tracking додатокот за Analytics се овозможува да се следат и другите друштвени копчиња. Клучни три работи во плагинот се:

  • Social Engagement го прикажува односот на корисниците спрема страната, дали корисник кој ја +1 или лајкнувал страната ќе помине повеќе време од луѓе што нема да го искористат копчето.
  • Social Actions кои прикажуваат колку пати е споделен линкот со копчињата, односно колку има кликови, твитови кои водат до сајтот.
  • Social Pages прикажува споредба меѓу страните на сајтот да се види кои влечат најголем број друштвени акции.

Друштвената анализа на Google Analytics ќе биде достапна по зададено на сајтовите кои го додале +1 копчето за споделување. Повеќе за друштвени новини на Analytics и Webmaster алатките ќе најдете на блогот на Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии