Google Analytics најмногу се користи во Македонија (инфографик)

Македонија е најголемиот корисник на Google Analytics во светот, покажува инфографикот на TargetOnlineMarketing.com во кој се објавени статистики за колку и каде најмногу се користи бесплатната алатка за анализа на интернет сообраќај.

Во Македонија скоро 83% од сајтовите користат Google Analytics, што е најголем процент во светот. За споредба, во Европа просекот е 61,8 отсто, додека во целиот свет во просек 55,8 отсто од сајтовите ја користат алатката. Од целиот свет, само Македонија, Србија и Литванија се единствените земји каде Google Analytics се користи од над 80 отсто од сајтови.

Звучи чудно што Македонија е прва во користење на одредена технологија, но, можеби одговорот лежи во тоа што Google Analytics е бесплатна алатка, вели Наталија Трајчевска од Комуникации.нет.

„Скоро ниту еден сериозен бренд (сајт) нема алоцирано буџет за понапредни алатки, и многу ретко планираат средства за следење и анализа на своите статистики и перформанси.“, вели Наталија во својот пост и додава дека „Ретко која маркетинг агенција нуди детални извештаи за ефектот од активностите на своите клиенти.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии