Google и Amazon се во војна, казнети за жал се корисниците

Дејан Соколоски

во Вести

Google го повлече YouTube од Fire TV и Echo Show, со што Amazon го отстрани Nest од продавницата. Кусо време по ова YouTube со редиректирање на веб верзијата се врати на Amazon Fire. За жал од денес и ова е неважечко. Echo Show веќе нема пристап дo YouTube, а FireTV ќе има пристап до 1 јануари. По 1 јануари ако не се надминат проблемите Google ќе ја блокира содржината.

„Се обидовме да најдеме заеднички јазик со Amazon и на корисниците да им овозможиме пристап до сервисите. Но Amazon не ги пренесува производите на Google како Chromecast и Google Home, не овозможува Prime видеата да бидат достапни за Cast, минатиот месец престанаа да го продаваат и Nest. Поради недостатокот од реципроцитет, решивме да не го поддржиме YouTube на EchoShow и FireTV. Се надеваме дека наскоро ќе ги надминеме овие проблеми“, вели претставникот на Google.

Лоша вест е дека од овој развој на настаните компаниите не се најпогодени. Најмногу штета имаат всушност корисниците. Засега корисниците на FireTV се тие кои го влечат подебелиот крај, бидејќи до неодамна можеа да следат содржини кои сега веќе им се недостапни. Без разлика кој прв започнал и кој е во право, се надеваме дека токму заради корисниците двете компании наскоро ќе ги надминат недоразбирањата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии