Good Old Games најави 100 игри за Linux

Платформата која започна како продавница за постари и инди видеоигри Good Old Games, најави дека наскоро игрите ќе дојдат и на Linux. Компанијата на ова работи веќе подолго време, а најавените игри ќе пристигнат наесен.

Според плановите најавени се 100 видеоигри со поддршка за Linux Mint и Ubuntu. Пред се станува збор за игри кои веќе имаат Linux клиенти, но GoG најавува дека работи на прилагодување на неколку класици кои за прв пат ќе бидат прилагодени за Linux. Листата на видеоигри кои ќе бидат прилагодени на Linux засега е сеуште отворена, а компанијата ги запраша токму корисниците кои игрии сакаат да ги видат достапни за Linux платформата.

Најголем конкурент на Good Old Games кога се во прашање Linux видео игрите без сомневаање е Steam, кој не само што повеќе од една година дистрибуира Linux игри, туку го изработија Steam OS оперативниот систем базиран на Linux. За компарација кога Steam го отвори Linux одделот во него имаше педесеттина игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии