„Good news everyone“ со Morbotron може да ги пронајдете сите цитати од Futurama

Дали ви недостасува Futurama? Дали знаете повеќе цитати од серијата отколку што можете да пронајдете сцени? Нема потреба да се грижите, новиот пребарувач Morbotron ќе пронајде соодветна слика за секој цитат.

Пребарувачот доаѓа од креаторите на Frinkiac, кои направија сличен подвиг со Simpsons. Morbotron овозможува споделување на слики за секој цитат од серијата Futurama или барем соодветни за внесениот текст.

Љубителите на Futurama, најверојатно го препознаа името на вонземјанинот презентер од вестите.

bender

Сервисот овозможува споделување на сликите на социјалните мрежи, креирање на меме, па дури и креирање на анимирани слики (GIF). Корисниците можат да ги споделат своите дела на Twitter, Facebook и Reddit.

„Планиравме да направиме сервис за друга серија, пред јавно да го ибјавиме Friantic. Futurama е едноставен избор заради хуморот и пресмешните анимации.“, вели Пол Херер, креатор на Frinkiac и Morbotron.

Да гo прославиме овој свечен момент со видео од секое „Good news everyone“!