Големото бело копче кое ќе ви помогне да бидете продуктивни

Доколку имате проблем да само-контрола, и наместо да се посветите потполно на обврските, вие трошите време на друштвените мрежи и интернет мачиња, тогаш Sаent може да биде решение. Станува збор за bluetooth уред/копче со чие притискање автоматски се блокира се што може да му го одвлече вниманието на корисникот. Начинот на функционирање најнапред бара од корисникот да направи листа од софтвер и сајтови кои му го одвлекуваат вниманието, и секое застранување ќе го предупреди корисникот дека е време за фокусирање. Со време Saent ќе ги научи навиките на корисникот и апликациите кои ги користи при одредени задачи.

Уредот е направен да овозможува периоди на работа од 20, 50 или 90 минути со паузи. Уредот и овој период го определува од претходните сесии на корисникот, се со цел максимална продуктивност. Дури и овозможува поголема продуктивност, со куп гестикулации кој овозможуваат менување на апликации на пример директно со повлекување на прстот преку Saent може да ја промени апликацијата која е активна во моментот. Уредот стартуваше Indiegogo кампања за краудфандинг, и се покажува дека има во моментов 510 луѓе кои би дале 40 долари за уред што ќе им ја зголеми продуктивноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии