Зарем е важно што Nokia го престави првиот MeeGo уред? Каде се Windows Phone уредите?

N9 телефонот, хардверски гледано, e oценет позитивно поради својот AMOLED црн екран и брзото реагирање на допир. Има 1 GHz процесор и 1 GB RAM, поддршка зa NFC технологија заедно со 16 и 64GB простор за складирање. Камерата од 8 мегапиксели може да сними 720p видео, а има и кул опција за одредување на фокусот на фотографијата со допир.

N9 како и секој Nokia телефон е одличен хардверски, но повторно проблемот е со оперативниот систем на кој работи телефонот, поточно проблемот е со бројот на апликации достапни за тaa платформа и намерата Nokia да го наградува MeeGo. Како Symbian корисник знам дека финците одамна се откажаа од Symbian OS, а нивната стратегија која ја вклучуваше MeeGo, најавена како конкурент на Apple и Android, ја нарекоа како „платформа која гори“, која е прескапа да се оддржува и развива. Токму затоа Nokia со раширени раца ја прифати соработката со Microsoft и ја прифатија Windows Phone како примарна платформа за своите идни уреди. Тогаш зошто претставуваат MeeGо телефон? Сигурно не е случајно што го одбраа Сингапур каде го претставија N9. Источните корисници помалку се заинтересирани за апликации отколку што се западните корисници, и сè уште го ценат повеќе дизајнот, хардверот и камерата пред се, вели Каролина Миланези од Gartner.

N9 ќе се појави сигурно до крај на 2011-та. Тогаш ќе видиме како ќе се справи телефонот и MeeGo платформата со конкурентите, меѓу кои и Nokia Windows Phone уредите кои ќе се појават на почеток на 2012-та.

2 коментари на “Зарем е важно што Nokia го престави првиот MeeGo уред? Каде се Windows Phone уредите?

  1. Нокиа кажа дека се откажува од Симбијан системите но нагласи дека иако поради партнерство со Мајкрософт го прифати Виндоуз како оперативен систем, ќе продолжат во развивање на оперативни системски решенија за во иднина.Меего одамна беше деклариран како систем кој можеби во иднина ќе прави нешто.Еве како,Симбијан(поточно верзија 3) ќе има подршка до 2016 година до кога се обврза да го одржува а апликациите за него се речиси целосно изработени во Qt технологија.Да претпоставиме дека после тоа ќе го откачи целосно,сигурно ќе имаат и телефони кои наместо Симбијан ќе работат на Meego како поефтина варјанта на смартфон од тие скапите но релативно добри.Меего е работен во Qt и апликациите работат и на него.Ова им е тест пилот телефон да видат како ќе се однесува.Qt платформата има голема улога во целиот процес.Symbian едноставно има премногу негостатоци и неможе да се поправи со еден апдејт.Меего е тоа што Симбијан неможеше да го направи

  2. "… секој Nokia телефон е одличен хардверски"?

    Моето искуство со Nokia X6 е дека има недоработен touch-интерфејс кој, заедно со спорото реагирање на командите, повеќе создава проблеми, отколку што работи. Ова не е само мое искуство, истото сум го прочитал и на сајтови за мобилни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии