Голема победа за Airbnb во Калифорнија

Дејан Соколоски

во Веб, Свет

Судот во Калифорнија ја отфрли тужбата на Apartment Investment & Management Company против Airbnb. Компанијата го обвини Airbnb  дека ги поттикнува корисниците да ги прекршат своите договори за наем. Ова се овозможува преку подзакуп на изнајмениот простор. Во сопственост на Apartment Investment & Management Company’s се над 50.000 станови.

Компанијата поднесе тужби во Калифорнија и Флорида и бараше оштета од станарите кои го прекриле договорот. Сепак. судот одлучи дека Airbnb не може да биде одговорен за однесувањето на станарите.

Во тужбата Apartment Investment & Management Company бараше Airbnb да биде третиран како давач на услуга. Ова ќе овозможеше Airbnb да биде одговорен за содржината која е споделена на страницата. Наместо. судот пресуди дека Airbnb е само платформа и не може да одговара за содржините кои се споделуваат на неа, пренесе TechCrunch.

„Партнерството кое го имаме со сопствениците на станови ни појасни дека споделувањето на станови може да биде корисно за сите. Airbnb Friendly Buildings програмта им овозможува на станарите да ги израмнат високите сметки, да заработат и да креираат нови можности за сопствениците на станови“, вели портпаролот на Airbnb.

Компанијата сега има судски спор против Airbnb на Флорида. Дека сепак не станува збор за тривијален процес, покажува барањето на Airbnb за отфрлање на спорот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии