GOG ја започна летната распродажба

Со попусти до 90% за над 1500 игри, GOG ја започна огромната летна распродажба и уште од првиот ден ви дозволува солиден избор од релативно евтини DRM-Free наслови за играње.

DRM-Free значи дека нема никакви заштити вметнати во игрите и можете истите да ги инсталирате на безброј направи, сега и засекогаш.

Од првиот ден, забележително е дека Witcher 3 GotY едицијата, иако според сите показатели е феноменална игра, и понатаму тврдоглаво одбива продавање со попусти кои се подлабоки од 50%, а истото нешто е очигледно и со Divinity: Original Sin. Од друга страна, Dragon Age™: Origins – Ultimate Edition нуди феноменално и целосно RPG искуство за скромни 4 долари, а на сличен финансиски отпор ќе наидете доколку сакате да си ја присвоите Darksiders Warmastered Edition, Day of the Tentacle Remastered, Saints Row IV: Game of the Century Edition или The Saboteur.

Карактеристично за продажбите на GOG и со оваа продажба имате можност бесплатно да присвоите 40 игри, доколку истите ги имате на Steam. Имено, GOG Connect го поврзува вашиот Steam акаунт, проверува дали имате на Steam некоја од четириесетте кои се на промоција и ги овозможува за преземање преку нивниот веб сајт или изборен клиент. Имајте во предвид дека можеби треба неколку пати да кликнете на копчето Refresh за да ги придобиете сите.

Дел од игрите кои бесплатно ги добивме при првиот обид

Големата GOG распродажба се очекува да трае до 20.јуни, а доколку купите барем една игра бесплатно ја добивате и Rebel Galaxy, вселенска авантура од 2015 година која се одликува со борбени, истражувачки, тргувачки и преговарачки елементи.

Rebel Galaxy има 87% позитивни рецензии на Steam и чини 20 евра

1 коментар на “GOG ја започна летната распродажба

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии