GOG Galaxy излегува од бета со бројни опции за гејмерите

Изборниот клиент, GOG Galaxy, ви дозволува полесна интеракција со игрите купени од оваа продавница. Како што игрите кои се продаваат тука не подлежат на никакви DRM права, така и самиот клиент не го принудува играчот да го инсталира за да ужива во насловите. GOG Galaxy веќе подолго време се испорачуваше како бета производ, но развивачите сметаат дека финалната верзија конечно може да излезе во април. Сите оние кои веќе го користат клиентот ја добија можноста автоматски да надградат на закрпата 1.2.

Меѓу бројните подобрувања, GOG Galaxy сега се испорачува со опција за сочувување save-ови на игри на облак, дури и за исклучително старите класици како Neverwinter или Caesar. За дополнителен пристап до овие сејвови не ни мора да го имате инсталирано клиентот и можете да ги превземате директно од сајтот.

Со цел да се избегне пренатрупување на клиентот со бројни елементи, најновата верзија ви дозволува и целосно прилагодување на приказот, односно исклучување на оние опции кои не се дел од вашите интереси. На овој начин, оние кои не се по напредни функции ќе можат да го задржат минималистичкиот изглед на клиентот.

Дополнително, за ослободување повеќе ресурси при играњето некоја игра, клиентот може да навлезе во режим на хибернација. GOG Galaxy е доволно паметен да не го оптоварува процесорот, а со тоа и батеријата, кога е во фаза на неактивност. Покрај ова, најновата верзија донесува и ограничувач на вашиот бендвит, прикажувач на fps во игра, опција за скриншотови, увид во ретки достигнувања, пристап до услугите на клиентот директно од некоја игра, како и можност за поставување распоред кога, што и колку да се презема.

За целосни информации и преземање на клиентот кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии