Година на кошмарот: Сите проблеми на Facebook во 2018 година

Минатата недела USA Today организираше мала група од 8 деца помеѓу 11 и 12 години за мини анкета. Анкетата беше фокусирана на социјалниот аспект на технологијата, од друштвени мрежи до паметни телефони.

Она што е интересно е дека ниту едно од децата нема профил на Facebook. Секако, минималната граница за креирање на профил на Facebook е 13 години. Но, ова важи и за другите друштвени мрежа, а дел од децата имаат профил на пример на Instagram.

„Многу од моите пријатели имаат Instagram, но немам поим кој користи Facebook“, вели 12 годишната Ела Наидо.

Намалувањето на интересот кај тинејџерите и помладата генерација е еден од проблемите на Facebook. Сепак оваа година имаа толку проблеми што конкуренцијата е исклучителна! Метју Олсон на Digg објави тајмлајн на настаните кои ја одбележаа 2018 за Facebook.

Уште од самиот почеток изгледаше дека 2018 ќе биде тешка за Facebook, но она што следеше никој не можеше да го претпостави.

Сè започна со Роберт Мулер и неговата истрага за руска вмешаност во изборите во САД. Истрагата покажа дека 13 вработени во руската „Internet Research Agency“ со лажни профили на друштвените мрежи креирале раздор помеѓу Американците во периодот пред изборите. Малку подоцна пред сенатот се појавија и првите постови кои влијаеа на изборите.

Иако приватноста е важна, ниту еден придонес на Facebook не е пострашен од влијанието во маскарите во Мјанмар. Со друштвената мрежа се ширеа лажни вести за Рохингја муслиманите. Иако маскарите не започнаа од Facebook, дезинформациите и говорот на омраза беа ширени од платформата. Под притисок на обвинувањата за „подгревање“ на страстите друштвената мрежа започна со блокирање и отстранување на дел од корисниците.

Cambridge Analytica

Сепак ништо не можеше да ги подготви за март и скандалот со Cambridge Analytica. Она што скандалот со користење на друштвената мрежа за ширење на говор на омраза и дезинформирање не успеа да го направи, Cambridge Analytica успеа. Друштвената мрежа и проблемите беа на првата страна на многу весници.

Сè започна со објавата на свиркачот Кристофер Вајли поранешен вработен во Cambridge Analytica кој објасни што прави компанијата со податоците од Facebook.

Целиот настан наликуваше на фантастична приказна или на текст од таблоид. Компанија без етика, психолошки ги манипулира луѓето злоупотребувајќи податоци до кои дошле нелегално за да влијаат на политички настани.

Вината на Facecbook во овој случај се појавува во два моменти. Прво кога друштвената мрежа споделувала премногу податоци со партнерите и второ кога навистина поверувале дека сите кои ги имале податоците ги избришале.

Cambridge Analytica има контроверзна пракса и бескрупулозно ги користи податоците од корисниците, а сѐ ова беше објавено во приказната на Channel 4. Скоро сè од работата на оваа компанија му се натовари и на Facebook.

Приказната на Cambridge Analytica

Целата приказна за Cambridge Analytica почнува со нелегалното стекнување на податоци од 50 милиони корисници на Facebook.

Во 2015 година професорот Александр Кроган од Универзитетот Кембриџ креира апликација-квиз thisisyourdigitallife. Г. Кроган ја основа компанијата GSR. Корисниците може да се најават со својот Facebook профил. Токму ова помогна преку овој квиз, GSR да дојде до податоци на корисниците.

Иако апликцијата „thisisyourdigitallife“ имала единствено 270.000 корисници, тие можеа да дојдат до податоци од 50 милиони, јави Recode. Податоците беа од широк спектар, од интереси до фотографии. Г. Коган овие податоци ги споделил со Cambridge Analytica, иако ова е спротивно на условите за користење на Facebook.

Cambridge Analytica ги користеле податоците на корисниците на неколку места, но во фокусот влегоа со изборот на претседателот Доналд Трамп.

Како последица на ова Марк Закерберг беше повикан да сведочи пред Конгресот, и започна кампањата #deletefacebook.

Марк Закерберг пред конгресот

Во април г. Закерберг одговараше на прашања на конгресмените. Сенаторите ги прашуваа истите прашања, и ги добиваа истите одговори. Дел од стандардните прашања беа за руското мешање во изборите во САД, за цензурирањето на десничарските страници, а фокус беше и скандалот со Cambridge Analytica.

Г. Закерберг ја објасни разликата помеѓу првата замисла кога како студент ја креирал мрежата и денес. Ако на почетоците сметале дека целата содржина мора да ја модерираат луѓе денес тоа не е случај, па речиси целата работа е оставена на вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција не се справува лошо со проблемите, иако е ужасна кога говорот на омраза или повикувањето на насилство е на јазик кој не е англиски. Па и во овој случај сенаторите го добиваа одговорот:

Секогаш може подобро“.

Можеби најинтересното прашање е дали друштвената мрежа и во САД треба да се регулира по примерот на Европа. Во мај Европа донесе ригорозен закон за заштита на податоците. Со GDPR се уредува начинот на прибирање и на чување на овие податоци.

Речиси на секое прашање кое беше проблематично, г. Закерберг одговараше со „Ќе ви пратиме одговори со тимот“.

Споделување податоци со привилегирани партнери – прв дел

Неколку месеци подоцна, во јуни дознавме дека друштената мрежа во минатото имала привилегирани партнери. Производителите на опрема, Apple, Amazon, Microsoft и Blackberry имале пристап до податоците на корисниците. Меѓу овие корисници е и руската компанија Mail.ru. Со податоците кои ги собрале од корисниците овие компании можат да си направат мини друштвени мрежи.

Производителите можат да соберат доволно податоци не само за корисниците, туку и за нивните пријатели, пренесе New York Times.

Facebook се збогува со Кевин Систор и Мајк Кригер, основачите на Instagram

Во септември одненадеж друштвената мрежа ја напуштија основачите на Instagram. Според најголем дел од медиумите причина за заминувањето е несогласување со директорот на Facebook, Марк Закерберг. Досега нема официјална приказна за причината за заминувањето.

„Планираме да го напуштиме Instagram за повторно да ја истражуваме нашата љубопитност и креативност. Креирањето на нови работи бара да се повлечеме, да видиме што нѐ инспирира и да видиме што му е потребно на светот. Oва е тоа што планираме да го направиме“, вели г. Систром.

Во напад на Facebook украдени податоци на 30 милиони корисници

Во октомври Facebook објави дека податоците на 30 милиони корисници се украдени. За поголем дел од корисниците ова значеше дека напаѓачите дошле барем до основните податоци име, имејл и телефон.

За 14 од овие 30 милиони, нападот има посериозни последици. Украдени се податоци за нивниот пол, религија, локација уреди и последните 15 пребарувања на друштвената мрежа.

Facebook не се појавува пред парламентите и го напаѓа Џорџ Сорос

На крајот на ноември популарноста на г. Закерберг не опаѓаше. Парламенти на неколку држави го бараа да одговора на прашања или да прати претставник, но друштвената мрежа одбиваше.

Речиси истовремено се појави информација дека и на најголемата друштвена мрежа омилен виновник и бил милијардерот Џорџ Сорос. Facebook ангажирал агенција која секоја критика кон друштвената мрежа ја карактеризира како влијание од Џорџ Сорос, а ова придонесе за нови повици и нови теми за објаснување со претставниците на друштвената мрежа.

Споделени слики од 6,8 милиони корисници

На средината на декември друштвената мрежа излезе со податок дека девелоперите кои го користеле Photo API можеле да повлечат фотографии кои корисникот не ги ни објавил.

Пропустот бил отворен 12 дена од 13 септември до 25 септември. Сè уште е нејасно зошто компанијата чекала 2 месеци да го објави пропустот. Facebook објави дека сите корисници кои користат дел од овие апликации ќе добијат известување. Според Facebook пропустот зафатил 6.8 милиони корисници и 1.500 апликации на кои работеле 876 развивачи.

Споделување податоци со привилегирани партнери – втор дел

И таман изгледаше дека нема време во годината за нови скандали, Facebook успеа да вметне уште еден.

Сите партнери на друштвената мрежа добивале куп податоци кои не биле за споделување. Главна причина за ова е што корисниците не дале дозвола за споделување на овие податоци.

Ова е последниот скандал од Facebook оваа година. Засега.

Сепак минатата година стапи на сила и Законот за заштита на приватноста GDPR. Ова значително треба да помогне со чување како на податоците, така и на приватноста на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии