Гоблин и Македонската е-спорт федерација ве канат на квалификации за Светско првенство во Hearthstone!

Откако беше одложен минатонеделниот турнир во Hearthstone, оваа недела е најавен уште поголем и поатрактивен. Македонската е-спорт федерација и Гоблин друштвени игри, организираат квалификации за светско првенство во Hearthstone кое се одржува во Џакарта, Индонезија. Победникот, освен правото за учество на Светското првенство во Hearthstone, ќе добие и авионски билет и платено сместување.

Турнирот ќе се игра во официјалниот Conquest формат (видео подолу). Секој од учесниците пријавува три шпила, секој од различна класа. Натпреварите ќе се играат во три добиени партии. Со секоја победа играчот губи право да игра со победничкиот дек до крајот на партијата.

„Плејофот ќе биде малку поинаков, поради тоа што во него влегуваат најдобрите играчи од Првата Македонска Хартстоун Лига; која летово ја организираше МеСФ. Второ и третопласираните од Лигата се вклучуваат во четврт-финалето и тие ќе им се приклучат на најдобрите шест играчи од турнирот. На крајот, победникот во финалето ќе игра против победникот во Лигата . Тој што ќе триумфира на тој дуел на најдобрите, ќе биде македонскиот претставник на Светското првенство во Џакарта!

Турнирот ќе го пренесува во живо GG.MK. По завршувањето, на квалификациите за Светското првенство ќе биде прославата на новата Heartstone едиција „One Night in Karazhan“ со диско забава и кежуал турнир – One Night in Karazhan DISCO PARTY!

Повеќе информации за пријавувањето на турнирот и за самиот настан на facebook-страницата на настанот.

1 коментар на “Гоблин и Македонската е-спорт федерација ве канат на квалификации за Светско првенство во Hearthstone!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии