Го тестиравме Firefox OS, погледнете како изгледа (слики)

Како што пишавме, објавена е тест верзија на Firefox OS. Сега во продолжение следува мала рецензија и неколку слики како изгледа оперативниот систем на Mozilla. Како што веќе имаме пишано, се работи за nightly build, односно рана тест фаза која треба да биде потготвена до јануари кога ќе се појави и првиот мобилен телефон кој ќе работи на овој OS.

Во моментот не можеме да го извлечиме максимумот од тоа што може да го понуди Firefox OS, бидејќи работевме на емулатор, не можевме сите функции да ги извршиме како што треба, па ги оставивме за следниот пат кога ќе имаме можност да го тестираме на мобилен уред.

Корисничкиот интерфејс е добро дизајниран, едноставен и сите елементи совршено се распоредени и се вклопуваат во него. Нормално, главен прелистувач на оперативниот систем е Firefox кој работи перфектно, календарот сè уште не е довршен, но корисниците ќе може да си го распоредуваат времето со листа на работи што треба да ги завршат.

Некои делови по малку наликуваат на iOS, како што се пораките и до некаде контакт листата. Сепак, не е исклучена можноста дизајнот да претрпи промени до официјалното објавување.

Во продолжение можете да погледнете неколку првични слики што ги направивме, додека целосен преглед би можеле да очекувате за половина година.

12 коментари на “Го тестиравме Firefox OS, погледнете како изгледа (слики)

  1. Јасно е дека Mozilla ја губи трката посебно во делот на мобилни прелистувачи и ова изгледа како последен обид да се вратат во игра. Како што стојат работите на пазарот на мобилни уреди, тешко дека ќе успее да се пласира како сериозен играч.

  2. Интересно, но имајќи го веќе изградениот Android, ќе биде тешко новиот ОС да се пласира на пазарот освен ако имат нешто спектакуларно да понуди.

    1. Да, доколку понуди можност да се снимаат апликации на мемориска картичка пример. Да може корисникот да избери при инсталација, како што имаше симбијан. Без рутирање и слични ср*ња.

    1. Во принципт концептот е одличен меѓутоа во реланост обичните корисници на крајот од денот гледаат дали се во тернд и дали изгледа фенси, односно тие се луѓето кој купуваат апликации, па затоа не е второстепено прашање како ќе изгледа, со овој дизајн ќе го користат развивачите од mozzila и
      по некој фан (запечен програмер) а генерално тоа е група која не троши пари на фенси работи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии