Го стартуваме #ИТН, подкаст за технологија креиран од IT.com.mk и Радио МОФ

Стартуваме подкаст. Ќе се вика #ИТН, подкаст за информатика, технологија и наука, и ќе биде соработка помеѓу IT.com.mk и Радио МОФ. #ИТН ќе го води Викторија Николовска, стартап ентузијаст и дизајнер, со помош на Виктор Дано, уредникот на IT.com.mk, и продуцентот од Радиот МОФ, Димитар Вандовски, попознат како Були.

Почнуваме со малку радио искуство, но огромен ентузијазам секој четврток од 19:00 часот на Радио МОФ, и од вас, слушателите бараме апсолутно искрен фидбек бидејќи веруваме дека критиките, забелешките, сугестиите за темите и пофалбите ќе ни покажат како да го направиме #ИТН подобар.

Слушајте не на Радио МОФ, или симнете го подкастот откако ќе биде емитуван; и секако ги очекуваме коментарите на Twitter и Facebook, обележани со хаштагот #ИТН.

ITN – Episode 01 by Radio Mof on Mixcloud

2 коментари на “Го стартуваме #ИТН, подкаст за технологија креиран од IT.com.mk и Радио МОФ

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии