Го стартуваме ИТ Индекс за сите македонски ИКТ компании и организации

Кога ви посакавме добредојде на v5 на IT.com.mk IT.mk, ви најавивме еден вид на веб платформа, наместо класичен портал со вести и форум. Идејата за IT.mk да стане платформа ја имаме од самите почетоци, уште од далечната 2007 година кога ИТ беше само форум. Можеби пазарот тогаш не беше подготвен за нашата голема идеја, но веруваме дека сега треба да имаме еден IT.mk кој им припаѓа на сите, вклучувајќи ги и компаниите…

Платформата ја замислуваме како онлајн дестинација на која ќе бидете информирани за сите новости, понуда и побарувачка и случувања поврзани со ИКТ индустријата во земјата и пошироко. Со v5 ги претставивме ИТ Маркет, ИТ Кариера и од денеска, ИТ Индекс.

Image 082

ИТ Индекс (да, очигледно е името, но зошто да не?), е сервис преку кој нудиме индексирање на ИКТ компании, стартапи, заедници, акцелератори и слично во форма на профили со подетални информации и индексирање на сите поврзани новости веќе објавени на IT.mk, огласи за вработување и производи прикажани во ИТ Маркет.

Индексот постојано, како што се среќаваме со нови компании и организации преку ИТ новостите или препораките од нашата заедница, ќе биде надополнуван со нови профили.

Една од опциите на Индекс е тоа што во дадена новост или статија објавена на IT.mk, ако се зборува за компанија која е присутна во индексот, под самиот текст на почетна ќе биде објавена икона и име на компанијата, додека во текстот ќе биде над насловот. Пример:

Image 084

Започнуваме полека, односно со само основни информации и менаџирање на профили на ниво на редакција. Опции како пристап за ажурирање на профилите и нудење на специјални понуди или вести на профилот од компанијата за читателите на IT.mk, поврзување со официјални компаниски профили на ИТ Форум, ќе бидат презентирани во иднина, доколку за истите постои интерес од страна на самите компании. Практично, премиум профили преку кои компаниите ќе можат да понудат нешто плус од тоа што веќе е презентирано.

Image 083

Во текот на следниве неколку дена, дел од нашиот тим ги скенира над 11.000-те илјади авторски текстови кои ги имаме во нашата архива и ги поврзуваме со дадени профили, па така, бројката на компании презентирани во ИТ Индекс ќе биде поголема.

Повелете на ИТ Индекс. :)

1 коментар на “Го стартуваме ИТ Индекс за сите македонски ИКТ компании и организации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии