Го користат ли вашите деца YouTube Kids?

YouTube е феноменална мултимедијална платформа. Но, исклучително е важно на какви видеа се изложуваат младите умови преку YouTube.

На YouTube можат да се најдат видеа со исклучително насилни содржини, извадоци од хорор филмови или емисии кои никако не се препорачуваат за децата.

Поради тоа, од особена важност е децата да не го користат стандарниот YouTube, туку за сите нивни потреби да одат со YouTube Kids.

Покрај апликацијата, веќе неколку месеци како функционира модерниот сајт YouTube Kids. Овој вебсајт нуди флексибилни можности за подобра заштита на вашите деца од несакани содржини. Имено, штом вие, како родител, ќе го отклучите YouTube Kids за вашето дете, ќе можете да наместите сајтот само да нуди и пушта содржини кои се соодветни за одредена возраст.

YouTube Kids може да пушта содржини кои се соодветни за деца до четири години, за деца од пет до седум години, или за деца од осум до дванаесет години. Дополнително, можете да ја исклучите можноста за пребарувања, или да наместите да се прикажуваат видеа само на канали кои биле претходно соодветно верифицирани.

За децата, YouTube Kids е исклучително шаренолик, а со тоа, и крајно забавен за користење. Децата се опсипани со интересни ликови, а во моментот кога ќе завршат со нивната прегледувачка сесија, родителот може да ја провери нивната историја, да види дали е во ред како и автоматски да блокира работи што смета дека детето не би требало и понатаму да ги гледа.

Во случај да не сакате децата константно да бидат бомбардирани од реклами, би можеле да размислите и за претплатата YouTube Premium. За бројните предности, пишувавме тука.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии