Gmail ќе ве извести ако добиете порака од незаштитени конекции

Gmail наскоро ќе ги предупредува корисниците кога имејл пораките пристигаат преку некриптирана врска, јави TechCrunch. Со оглед на опасноста од испратените пораки преку небезбедни канали, како на пример, прислушување од NSA и другите власти, спамови и други измами, податокот дека само 57 отсто од поштата кон Gmail е криптирана не изгледа импресивно.

Но, енкриптирана електронска пошта испратена од Google е подобра со 81 отсто, а од Google кон Google сообраќајот е постојано криптиран. Ова се разбира подразбира подобра безбедност за корисниците. „Од декември 2013 година до октомври 2015, бројката на криптирани имејли кој Google ги добива од профили кои не се на Google се зголему од 33 на 61 отсто“, велат од компанијата.

Заедничкото истражување на Google, Универзитетот Мичиген и Универзитетот Илиноис откри дека 94 отсто од поштата на Google може да биде проверена за автентичност, што ја намалува опасноста од фишинг измами.

gmail-graphic

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии