GlowForge e нов ласерски 3Д принтер кој работи со кожа, дрво и картон

GlowForge e 3D принтер кој е еден од најевтините на пазарот, и кој за разлика од останатите уреди, е далеку поблизок до CNC машина која може да се користи во домашни услови. Принтерот работи со субстракција, односно со сечење на материјалот. Наместо нож се користи ласер кој е прецизен, па ова се префрла и на копиите. Но ова значи дека нема да може да биде обработуван метал, иако може да обработува дрво, картон, кожа и куп други материјали, па дури и да гравира предмети од стакло. Најголема предност на принтерот сепак е софтверот кој овозможува принтање, односно обработка на модели изработени како скица на хартија, Adobe Illustrator и најголем дел од софтверот за цртање; а како и останатите 3Д-принтери доаѓа со каталог кој на корисниците ќе им овозможи да изберат некој постоечки проект кој им се допаѓа.

GlowForge е дело на Ден Шапиро, кој беше дел од Google, кој за ReadWriteWeb вели дека идејата е од неговите деца, кои барале од него да креира предмети наместо да ги купува. „Моите деца зпочнаа да бараат од мене да креирам работи наместо да ги купувам, пример мебел или играчки – подароци за нивните пријатели. Но ласерот беше бавен, тежок за користење и немаше достапни уреди на пазарот“, вели тој. Цената на GlowForge 3D е 2.000 долари во претпродажба која трае еден месец, а првите принтери ќе бидат испорачани во декември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии