Глобални гласови сега зборуваат и на македонски

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Global Voices (Глобални Гласови) е непрофитен проект за граѓански медиуми основан во Центарот за интернет и општество – Беркман при Правниот факултет на Хардвард. Овој медиумски проект се концентрира на влијанието кое интернетот го има над општеството.


Како што е објаснето на нивниот сајт:
"Global Voices се стреми да ја собира, организира и проширува глобалната конверзација на интернет – осврнувајќи се на места и луѓе коишто останатите медиуми често ги игнорираат. Работиме на развој на алатки, институции и врски кои ќе им помогнат на сите гласови, насекаде, да бидат слушнати."

И како свои цели GV има:
1) Да привлечеме внимание кон најинтересните разговори и перспективи кои произлегуваат од граѓанските медиуми низ светот преку поставување на линкови до текстови, фотографии, подкастови, видеа и други форми на волонтерски граѓански медиуми поставувани од луѓе низ целиот свет.

2) Да ја олеснат појавата на нови граѓански гласови преку обуки, упатства на интернет, и давање публицитет на начините на кои луѓето низ светот можат да ги користат бесплатните алатки и апликациите со отворен код за нивно изразување.

3) Да се залагаат за слободата на изразување во светот и да го заштитат правото на граѓаните-новинари да известуваат за настани и да ги пренесуваат своите мислења без страв од цензура или прогонување.

Проектот се состои од интернационален тим на доброволци – автори, блогери и преведувачи кои се дел од глобалната блогосфера.

Благодарение на Лингва проектот, денеска беше објавен и официјалниот сајт на македонски, албански и германски јазик. Според постот кој беше објавен на сајтот преведен од страна на Елена Игнатова, беше испратен повик до сите заинтересирани да се приклучат во Лингва проектот и да помогнат во развојот на GV.

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии