Глич го спречува Hubble во собирањето на податоци

Дејан Соколоски

во Вести

НАСА работи на отстранување на проблемите на „payload“-компјутерот на Hubble, но засега нема некаква прогноза за времето кога телескопот ќе продолжи да работи нормално. Проблемот е предизвикан од грешка на компјутерот произведен во 80-те години, а истата грешка се повторува и кај бекап компјутерот. Поради ова од 13 јуни Hubble не собира податоци.

Последните тестови се одржаа на 23 и 24 јуни, но тестовите досега не дадоа дефинитивен одговор за тоа што ја предизвикува грешката. Проблемот спречува читање и запишување во меморијата.

„Payload“-компјутерот на Hubble е составен од 3 модули:

  • Central Processing Module (CPM) – ја координира работата на инструментите
  • Standard Interface (STINT) – кој посредува во комуникацијата помеѓу CPM и другите компоненти
  • communications bus – линии на комуникација на хардверот низ кои поминуваат сигналите и податоците
  • Еден активен мемориски модул во кој се наоѓаат операциските команди до инструментите. Има три дополнителни модули кои се резерва.

Во текот на дијагностиката се тестирани различни комбинации на хардверот и сите тестови на примарниот и резервниот компјутер завршиле со грешка која спречува читање и запишување од и во меморијата. Инженерите не веруваат дека е можно сите модули да имаат грешка, па продолжуваат со тестирање.

Еден од потенцијалните проблеми на кој инженерите сега се сомневаат е регулаторот на напон. Ако грешката е тука тогаш модулите не добиваат константен напон што предизвикува грешки во работата. Секако тестирањето продолжува додека не биде пронајдена вистинската причина за проблемите.

Hubble е во орбита од 1990 година и оттогаш снимил некој неверојатни снимки од Вселената. Еве дел од нив, а секако може да пронајдете уште многу други.

Голем Магеланов Облак
https://www.flickr.com/photos/nasahubble/29363426060
Спирална структура на галаксијата NGC 3810
By ESA/Hubble, CC BY 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=10515355
Млечен Пат / Дел од соѕвездието Стрелец
By ESA/Hubble, CC BY 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=49469354
Лагуна (маглина)
https://www.flickr.com/photos/nasahubble/38426715186
Столбови на создавањето, Маглина Орел
By Credit: NASA, Jeff Hester, and Paul Scowen (Arizona State University) – http://hubblesite.org/newscenter/newsdesk/archive/releases/2003/34/image/a, Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=129538

1 коментар на “Глич го спречува Hubble во собирањето на податоци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии