64 држави бесплатно ќе гледаат Олимпијада преку YouTubе

Меѓународниот олимписки комитет е решен оваа година Олимписките игри навистина да го искористат се што го нуди Интернетот. Покрај соработката со друштвените мрежи и бројните апликации за таблет компјутери и паметни телефони, организаторот обезбеди YouТube пренос за 64 држави од Азија и Африка.

Иако за најголем дел од државите на листата доволно брз интернет кој ќе овозможи квалитетен пренос сè уште е луксуз, сепак одлуката на MОК е за поздравување иако некои од државите едвај имаат 20 проценти достапност на интернет. Втор недостаток е што за сите преноси  коментарот ќе биде единствено на aнглиски јазик. Еве ја листата на држави кои можат да ги следат преносите.

Како што се приметува станува збор за држави во кои правата за ексклузивен пренос не се откупени од телевизиските станици. Во најголем дел во државите кои се опфатени со заедничкиот пренос на YouTube и MОК нема доволно богата телевизиска компанија која би го откупила преносот.

И покрај недоволната распоространетост на широкопојасен интернет во државите опфатени со иницијативата, а и пренос единствено на англиски, со  овој сервис значително се зголемува бројот на гледачи на Олимписките игри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии