Гледајте YouTube додека прелистувате

Доколку и вие сте како нас, тогаш дефинитивно сте имале моменти кога сте сакале да гледате нешто на YouTube додека прелистувате на Facebook. Во последно време, некако нѝ здодеа да отвораме два прозорци, да ги делиме на екранот, па на едниот да пуштаме YouTube, а на другиот да ѕиркаме на Instagram. Она што се чини како идеално решение е да да се вметне прозорец во прозорец, каде YouTube или Netflix би доминирал над која било друга површина. Таквото нешто за Chrome корисниците е можно со екстензијата Picture-in-Picture.

Откако ќе ја активирате екстензијата, пуштете некое видео, па стиснете Alt и P (⌥ + P на macOS). Со ова, видеото се префрлува во аголот од екранот и останува тука се до негово исклучување. Додека оди видеото, можете да прелистувате, па дури и да чепкате нешто низ компјутерот, како, на пример, да средувате фајлови, да цртате во Paint, да уредувате фотографии, и слично.

Прозорецот со видеото не мора да биде фиксно врзан за одреден агол и, за подобра прегледност, лесно можете да го шетате од една до друга страна, како и да му ја менувате големината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии