Гледајте стари македонски емисии, документарци, серии и филмови

Архивата на МРТ е веб сајт на кој можете да најдете стотици македонски (музички) емисии, фестивали, документарци, серии и филмови. Се работи за најразлични содржини кои се целосно дигитализирани и спремни за репродукција.

На сајтот можете да ги најдете првите Македонски народни приказни, Телеспорт емисии, Струшки вечери на поезијата , и многу, многу повеќе. Некои содржини се од исклучително дамнешно време и предизвикаа серија од интересни емоции додека листавме низ нив. Во случај да точно знаете што барате, имате на располагање и енџин за пребарување, а кога ќе го најдете саканото, репродукцијата започнува со само еден клик.

За жал, сајтот често знаеше да ги игнорира нашите команди и да бара освежување, одново пребарување и вклучување. Во некои ситуации, тврдоглаво одбиваше и да ги вчита мултимедијалните содржини. Исто така, за многу содржини не е вметнато во соодветното поле кога се по првпат емитувани, таквата информација обично ја наоѓате во самото име под видеото (опис: File Name).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии