Гледајте реклама направена од вашиот Facebook живот

Апликациите што ги искористуваат информациите од вашите Facebook Timeline се множат како зајци. Овој пат не се работи за Halloween застрашување како со случајот на Take This Lollypop или за интересна видео презентација на вашиот Facebook Timeline.

Се работи за приватна компанија која сака на интересен и сè уште оргинален начин да стане популарна меѓу Facebook корисниците. Место старомодни реклами кои прекинуваат активности што ви се интересни или корисни за да ве информираат со нивните содржини, оваа австралиска компанија прави нешто што предизвикува самата реклама да сакаме да ја споделиме.

Видеото е исполнето со содржини од вашиот профил како фотографии, статуси и фотографии на одбрани пријатели, но за жал сè уште нема кирилична поддршка, па ако ви се погоди апликацијата да одбере статус што е на македонски, вие ќе видите само запирки и точки.

Сигурно постои иднина во овој начин на промовирање на продукти или сервиси каде што самата реклама се обојува со содржини кои се наши или релевантни лично на нас. На сличен начин филмот Minority Report ги претставува билбордите кои ги идентификуваат луѓето што поминуваат близу, и ги повикуваат по име.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии