Гледајте документарци кои траат 60 секунди со 60 Second Docs

Сакате да одгледате документарна емисија, но имате само една минута? Никаков проблем! 60 Second Docs има за мисија да спакува квалитетна содржина од информативен карактер во времетраење од само една минута!

За да ја оствари целта, 60 Second Docs отфрла покривање на концепти или актуелни работи. На место на тоа, целосно се фокусира на вистински луѓе, на нивните уникатни проекти, хоби, и посвети. Одгледајте неколку документарци и ќе се изненадите колку љубов, страст и емоција може да биде спакувано во само една минута.

Иако 60 Second Docs имаат веб сајт, нивните содржини најдобро се впиваат преку нивниот официјален YouTube канал. Посетата на веб сајтот првенствено ја препорачуваме поради одделот Official Selection. Тука, можете да откриете најразлични краткометражни филмови кои се направени од најразлични луѓе. Овие документарци можат да траат и до 10, односно 20 минути.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии