Гласните друштвени мрежи организираа протести против полициското насилство #martin

По неуспешниот обид да се прикрие убиството сега се следи цела online зедница, нашите институции ја осетија силата на интернетот #martinless than a minute ago via Ubuntu Favorite Retweet Reply


Започна како мистериозно наоѓање на мртво тело во неделата навечер, веднаш по изборите. MВР и CВР излегоа со контрадикторни изјави, првин немаше пријавен случај, но сепак имаше мртво тело на плоштадот „Македонија“. Освен анонимен сведок не се знаеше кој е мртвиот дечко. СВР тогаш рече дека нема траги од насилство, за подоцна обдукцијата да потврди дека мртвото момче било тепано, му бил скршен носот, а на левата страна од телото имал белези од удари.

Кој е тој и зошто е претепан од полицијата, кој и ја дава таа слобода на полицијата да посегне по живот?, ечеа инатливите друштвените мрежи одбивајќи да прифатат заташкување на случајот, барајќи одговори и повикувајќи на протести против полициско насилство, едни во понеделник вечерта кога се дозна веста, и втори во вторникот попладни блокирајќи ги скопските улици.

Конечно, дури два дена подоцна од кога се случи убиството, се дозна вистината. МВР излезе со официјален став дека 22-годишниот Мартин Нешковски е претепан до смрт од припадник на единицата за специјални задачи „Тигри“. МВР вели дека закасниле со ова бидејќи сакале да го идентификуваат првин Мартин и дека обдукцијата задоцнило.

Protests in Skopje following the death of 23-year-old Daniel from Dejan Velkoski on Vimeo.

Виралната моќ на мрежите

Македонија има над 850.000 корисници на Facebook, има и многу помалку бројна, но повлијателна Twitter заедница, што говори дека друштвените мрежи се сериозен фактор за споделување информација и мислење. Токму поради тоа споделување веста се појави и на влијателниот блог BoingBoing и на GlobalVoices.

Интересно, некои од Facebook групите кои повикуваа на протести ги снема од мрежата. Очекуваме одговор oд Facebook зошто ги снема групите, дали креаторот ги тргнал или се тргнати под притисок од МВР бидејќи портпаролот Иво Котевски за Алфа ТВ рече дека „полицијата ќе ја блокира на интернет секоја содржина преку која, според нив, се повикува на насилство”. Покрај групи можат да се најдат и events како „ПРОТЕСТ! Стоп на полициската бруталност! Правда за убиеното момче!“.

@bazerko_88 МВР ги следеле социјалните мрежи вчера и имале увид кој повикувал на насилство. Котевски за канал5 #daniel #martinless than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply

На страна од Facebook, македонската Twitter заедница продолжи „гласно“ да твита, да споделува информации и да организира протести користејќи го хаш-тагот #daniel (прифатен поради лоша информација од медиум) и #martin според името на жртвата.


10 коментари на “Гласните друштвени мрежи организираа протести против полициското насилство #martin

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии