Гласавте за кириличниот домен? МАРНет го продолжи рокот…

МАРНет го продолжи рокот за гласање за национален кириличен домен до 15 јануари 2013 година. Собирањето предлози за име на доменот започна уште во ноември, а гласањето започна од почетокот на декември. Во моментов на сајтот на МАРНет може да гласате за .мак, .мкд, .рмак, .рм, .рмкд и .македонија.

Кириличните домени ќе им овозможат на компаниите и корисниците полесно да рекламираат, промовираат и наоѓаат македонски веб сајтови.

Eден од најважните фактори е низата на карактерите која го означува интернационализираниот врвен домен мора значајно да го претставува името на соодветната земја или територија. За низа која значајно го претставува името на земјата се смета онаа која е на официјалниот јазик на земјата и која го претставува целосното име, дел или некаква кратка форма на името на земјата. Затоа гласајте внимателно.

6 коментари на “Гласавте за кириличниот домен? МАРНет го продолжи рокот…

  1. Kој кириличен домен најадекватно би ја претставувал Македонија ?

    .мкд (72%, 902 Гласа)
    .мак (14%, 174 Гласа)
    .рм (7%, 90 Гласа)
    .македонија (6%, 71 Гласа)
    .рмак (0%, 6 Гласа)
    .рмкд (1%, 5 Гласа)

    јака математика, 0% = 6 гласа, 1% = 5 гласа. Ова е информатичко општество, него како.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии