GitHub сега вреди 2 милијарда долари

GitHub успеа да собере дополнителни 250 милиони долари во последната рунда на финасирање, што му ја качи вредноста на две милијарди долари, пишува Fortunе. Причината за навидум превисоката вредност на компанијата е препознавањето на важноста на софтверот од страна на инвеститорите, а GitHub е можеби најомилен сервис кај девелоперите.

GitHub освен важноста на софтверот, кој е станува се поважен за компаниите на кои техниката не им главна област на работа, е препознатлив и по поддршката на слободниот софтвер. „Бизнисите препознаваат дека опен сорс софтверот им овозможува да заштедат пари, а потоа гледаат и дека им овозможува да вработат помлади развивачи“, вели Џефри Хамонд од Forrester.

Сервисот е основан 2008 година, и овозможува соработка на проекти и комуникација помеѓу програмерите и развивачите. Сервисот се наплаќа за корисниците кои работат на приватни проекти и го хостираат GitHub на своите сервери, за останатите сервисот е потполно бесплатен. Несомнено дел од процената, ако не и најголем дел доаѓа од 10 милиони активни корисници кои секојдневно соработуваат на над 25 милиони проекти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии