Github ќе овозможи неограничени приватни складишта и за бесплатните корисници

Дејан Соколоски

во Вести

Новогодишната честитка за бесплатните корисни на Github дојде малку подоцна, но сепак е тука. Платформата ќе им овозможи и на бесплатните корисници да користат приватни складишта, без ограничување на нивниот број.

Ограничувањето сепак постои и се однесува на бројот на луѓе кои имаат пристап до овие проекти. До проектите пристап имаат најмногу тројца соработници. За оние на кои им се потребни повеќе, плаќањето останува единствена опција.

Многу програмери сакаат да користат приватни репоа за да аплицираат за работа, да работат на спореден проект или да пробаат нешто во приватно пред да го пуштат јавно. Од денес, овие сценарија, и многу повеќе, без никакви трошоци, се отворени на GitHub. Јавните складишта сè уште се бесплатни (се разбира, таму нема промени) и вклучуваат неограничен број на соработници.

Ова е лоша вест за конкурентската платформа BitBucket која досега беше алтернатива на Github за развивачи кои сакаа бесплатни приватни складишта. Платформата на Atlassian веројатно по оваа промена ќе загуби дел од своите корисници, предвидува TheNextWeb.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии