GitHub го купи npm

Дејан Соколоски

во Вести

Microsoft преку GitHub е нов сопственик на стартапот за дистрибуција на пакет-код, Npm. Веста е објавена во понеделник, но барем за сега нема финансиски детали.

GitHub најави дека нема да има разлика и платформата останува отворена за дистрибуција на JavaScript код. Не е тајна дека Npm имаше сериозни финансиски проблеми. Минатата година стартапот имаше проблеми со намалување на човечките капацитети, потсети Register.

Двете платформи се фокусирани на отворен код и купувањето е логично. Npm ќе добие инвестиции во инфраструктура и платформа, што ќе овозможи да непречена работа и покрај брзиот развој на JavaScript екосистемот. Секако продолжуваат и континуираните надградби и развој. Први на листата се Workspaces и надградба наиздавањети и повеќеслојната авторизација, објави GitHub на својот блог.

Во 2018 Microsoft за 7,5 милијарди долари гo купи GitHub најголемото онлајн „складиште“ за код.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии