GIST Business Incubation е програма за стартапи кои сакаат да се пробијат на американскиот пазар

GIST Business Incubation има отворен повик за учество во инкубаторска програма. Повикот е наменет најмногу за стартапите од државите во развој и за стартапи кој работат на развој на технологија и наука. Дополнително ограничување е што сервисот кој се развива треба да биде наменет за американскиот пазар.

Одбраните стартапи ќе имаат можност да се развиваат на неколку  во 5 различни инкубатори во САД; програмата е имплементирана од страна на VentureWell; инкубаторската програма ќе се одржи оваа есен.

Она што веројатно е најважно е дека стартапите кои ќе бидат одбрани ќе имаат можност да се запознаат и да добијат пристап до пазарот во САД и ќе добијат пристап до инкубаторски материјали и програма. Секако ќе можат да ја доразвијат својата идеја и да се вмрежат со контактите кои ќе ги среднат.

Дополнително има повеќе други услови кои стартапот треба да ги исполнува за да може да учествува. Разбирливо потребно е познавање на англиски јазик, но потребно е и апликантите да бидат помлади, поточно од 18 до 40 години.

За сите заинтересирани нема многу време за пријавување. Краен рок е 31 јули, а за сите детали и документација која ви е потребна може да го посетите следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии