Girls in Tech Macedonia сака да има повеќе девојки во ИТ индустријата

Girls in Tech Macedonia е нова локална организација, дел од глобална мрежа, која сака да мотивира повеќе девојки и жени да се вклучат во ИТ индустријата. Се повеќе жени играат клучни улоги во големи ИТ гиганти и мали стартапи, иако до успех мора да стигнат со поголем напор бидејќи се во индустрија каде традиционално доминираат мажите.

Girls in Tech сака да ја промени таа машка доминација во индустрија во која женскиот талент е еднакво креативен, и затоа сака да ангажира, образува и поттикне жени да се вклучат во развој на технологијата и претприемаштвото. Целта се сите, и млади девојки и жени кои можат да бидат пример за помладите.

„Ова произлезе од потребата за мотивациски но и ресурсен центар за жени на различни возрасти кои се инволвирани во технолошката индустрија во земјата. Во еден бавно растечки стартап и ИТ бизнис екосистем како македонскиот, појавувањето на Girls in Tech делува како совршен склоп во прилог на тоа движење“.

Првата кампања на локалната организација ќе биде Local Ambassadors Hunt со која ќе се регрутираат повеќе членови од Македонија, кои ќе ја шират идејата дека има место за жени во ИТ индустријата. Целта е да се формира мрежа на ИТ девојки и жени кои ќе дадат поддршка за сите други. За амбасадор на организацијата може да аплицирате на официјалниот сајт.

2 коментари на “Girls in Tech Macedonia сака да има повеќе девојки во ИТ индустријата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии