Giphy ви дозволува да играте и создавате аркадни игри

Аркадните игри, особено оние од осумдесеттите години и понатаму имаат посебно место во нашите срца. Еден од најпопуларните енџини за пребарување GIF фајлови, пружа интересни можности за продолжено негување на таквата носталгичната жичка.

На следниот сајт можете да играте и споделувате таканаречени микро игри кои се одликуваат со ретро графика, музика и аудио ефекти. Иако поголемиот дел од игрите се всушност копија на познатите класици, нивото на забава и носталгична придобивка е исклучително висока, независно од тоа дали ќе ја започнете кратката гејминг сесија од вашиот телефон, или компјутер.

Најдобриот дел од сево ова е тоа што можете да пробате и вие да направите некоја игра, така што, првенствено ќе изберете еден од 10 понудени урнеци. Преку интересен систем, избирате карактери, позадина, но и соодветни аудио ефекти. Штом завршите со вашето микро ремек дело, можете да ја испробате играа или да ја споделите со релевантната публика.

Вашиот производ може да се користи за изработка на некои други проекти од некои други корисници. За поголем избор, се работи на дополнителни урнеци, игри и механики.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии