Giphy со библиотека од 2.000 гифови ќе нѐ научи знаковен јазик

Вообичаено кога помислуваме на гифови, или ни текнува на шеговит коментар или на смешен клип. Сепак корисноста на гифовите е многу поглема. Дигиталната платформа Giphy создаде библиотека од 2.000 гифови, своевиден речник на знаковниот јазик.

Да појасниме, Sign with Robert сe однесува на знаковниот јазик кој се говори во САД. Ако го научите овој јазик најверојатно нема да се разберете со македонски знаковен јазик. Дури и Британците и Американците, немаат ист знаковен јазик иако говорат англиски јазик.

Иако јазикот можеби не ви е корисен, идејата за презентација на знаковен јазик на гифови е можеби најкорисна употреба на гифови. Секој збор доаѓа со мини клипче, а за зборовите кои се покомплексни има и текст кој го објаснува. Генијалноста на употребата на гифови за говорен јазик е токму во тоа што форматот не поддржува звук. Клипчињата се повторуваат и овозможуваат подобро и полесно учење на зборовите.

Се надеваме дека накоро некој ќе го направи истото и со знаковниот македонски јазик, па ќе може да известиме и за ова. До тогаш…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии