Гикови радувајте се! Новата Star Trek ќе биде достапна и во Македонија

Креаторот на Star Trek, студиото CBS, објави дека имаат договор за емитување на новите епизоди со Netflix. Серијата ќе биде емитувана истовремено во 188 држави, сите во кои Netflix има дозвола за емитување, во кои е вклучена и Македонија. За целиот свет серијата ќе биде достапна ексклузивно на Netflix, а единствен исклучок се Канада и САД, каде гледачите ќе можат да ги гледаат новите авантури на CTV, CBS и на каналите на Bell Media.

Култната серија е мотиватор за дел од технологијата која е достапна денес. Инженерите на Google самите признаваат дека Star Trek e нивната инспирација, а повеќе технологии како: гласовен асистент, таблет компјутер, мобилни телефони беа прикажани во серијата многу пред да бидат реалност.

Премиерата на првата епизода од новата Star Trek серија ќе биде емитувана на почетокот на следната година – јануари 2017 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии