ИТ гигантот IBM влегува во Хрватска

Една од најпознатите ИТ компании, IBM, го објави својот влез во Хрватска. Компанијата во соработка со хрватските универзитети ќе го отвори првиот глобален иновациски центар кој ќе биде лоциран во Загреб.

IBM Client Innovation Centar според најавата на почеток ќе отвори 500 нови работни места. Новото седиште ќе биде меѓународен центар за иновации, а засега се бараат кадри кои имаат познавања од информатичка технологија, математика и јазици, јави Vecernji.

IBM и хрватската влада најавија дека центарот ќе биде и техничка поддршка за корисниците која ќе биде достапна 24 часа. Но, ќе бидат применувани и напредни технологии и сервиси од IBM, пример вештачката интелигенција Watson Analytics.

„IBM-овите иновациски центри се клучни за испорака на нашите услуги на корисниците низ целиот свет. IBM е присутен во Хрватска повеќе од 20 години и со својата работа влијаеше на технолошките трендови во земјата. Како локација за центарот е избран Загреб, причини за изборот се: местоположбата, бизнис опкружувањето и берзата на труд.“, вели Дамир Зец директор на IBM Хрватска.

Компанијата ќе започне за потребите на центарот да вработува кадри во следните неколку месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии